Во првите шест месеци од годинава смртноста кај новороденчињата опаднала за 17% во споредба со истиот период лани. Тоа значи дека во првата половина од минатата година починале 82 новороденчиња, а истиот период ова година таа бројка е 57.
Министерот за здравство рече дека подобрувањето е поради тоа што за клиниката биле набавени дополнителни инкубатори, биле вработени 20 медицински сестри и се спроведувале нови методи. Но, за да се постигнат повисоки стандарди, според министерот, потребно е клиниката да добие уште помодерна опрема.
Најмалото новороденче кое го преживеа предвременото раѓање во клиниката во Скопје е бебето Бетим кој го држи рекордот во регионот. Тој на светот дојде во 23 недела од бременоста, а досега овој рекорд го држело бебе од Белград кое било родено во 24 недела. Македонија со години е на врвот на светската листа на земји каде смртноста на новороденчињата е висока.













![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















