Реми на Данска и Австралија (видео)

710

Мундијалската програма денес беше отворена со натпреварот помеѓу Австралија и Данска.

За Австралија ова беше натпревар во кој мораа да останат напоразени за да ги задржат теоретските шанси за пласман во следната фаза, од друга страна Данска можеше да обезбеди 1/8 финале.

На крајот натпреварот заврши без победник 1:1.

Најдобриот техничар во редовите на Данска, Кристијан Ериксен со мастрален волеј удар ги доведе Данците во водство уште во седмата минута. Во тие моменти следевме прилично изедначен натпревар со по некоја шанса и на двете страни.

„Кенгурите“ успеаа да изедначат до крајот на полувремето и тоа после интервенцијата на ВАР. Судијата во прв момент не покажа на белата точка, но неколу моменти подоцна по сигнализацијата од контролната соба покажа најстрога казна. Сигурен реализатор на истата беше Миле Јединак за кого ова е втор реализиран пенал на Мундијалот.

Во вториот дел Австралија беше тимот кој доминираше и создаваше шанси, но Данска сепак успеа да се спаси и да извлечен важен бод. Во последното коло кое и последно во групната фаза, Данска ќе игра против Франција, а Австралија против Перу.