Ремек-делото на Павар ги разбуди Французите, спектакуларниот Мбапе ги испрати Аргентинците дома

213

Франција и Аргентина понудија вистинска фудбалска пресметка во првото осминафинале на Светското првенство, а на крајот сосема заслужено како победници излегоа „триколорите“ кои на најдобар можен начин го искористија спектакуларното попладне на Килијан Мбапе.

Младиот тим на Дидие Дешамп покажа зрелост кога беше во најтешка ситуација и најави дека може повторно да оди до крајот на едно големо натпреварување, бидејќи денеска успеа да се врати од незгодна ситуација кога губеше со 2:1. Мечот беше отворен со гол од пенал на Гризман по сензационалниот спринт на Мбапе, но Аргентина се врати во игра пред крајот на првиот дел со „бомбата“ на Анхел Ди Марија. Понесени од овој гол, Аргентинците влегоа храбро во вториот дел и дојдоа до водство со голот на Меркадо по шутот на Меси, но кога беше најтешко, Французите покажаа најголема умешност.

Павар со ремек дело од десната страна изреагира како велемајстор и израмни на 2:2, а потоа следеше шоу на Килијан Мбапе кои со два гола во периодот од 64-та до 68-та минута, водство кое се покажа како круцијално за победата. Аргентинците на крајот дојдоа до почесен пораз од 4:3 со голот на Агуеро по асистенција на Меси, но тоа нималку нема да го утеши капитенот на Аргентина кој остана покус за уште една шанса за освојување на мундијалска титула.

loading...