Пет начини како да ја забрзате работата на метаболизмот наутро

980

Само што ќе ви заѕвони алармот наутро, веднаш започнете со согорување на калориите. Без оглед на тоа дали се обидувате да намалите килограми или едноставно Ви е важно да бидете здрави и да имате стабилна килажа, овие пет совети ќе ви помогнат да го разбудите организмот. Не прескокнувајте појадок  и тренирајте!

Вежбајте

Ова е најдобриот начин за да се разбудите наутро, а покрај тоа вежбањето ќе Ви помогне да го забрзате метаболизмот. Доколку не сте во можност да тренирате наутро, подгответе ја цела опрема која Ви е потребна за вечерно вежбање или барем истегнете се, доколку не сте расположени за сериозен тренинг.

Додадете интензитет

Неодамнешно истражување покажа дека интензивното вежбање во времетраење од 2,5 минути го зголемува согорувањето на калории во другиот дел од денот, дури до 200 калории повеќе. Експлозивна серија на чучњеви може добро да се исплати!

Не го прескокнувајте доручекот

Никогаш немојте да го прескокнувате доручекот, без разлика на тоа колку Ви е зафатен денот. Утринскиот оброк го одржува Вашето тело и метаболизам во форма. Доколку доручкувате веднаш откако ќе се пробудите, ќе имате доволно енергија во текот на целото утро, а метаболизмот ќе работи како што треба целиот ден.

Мускули

Не заборавајте да вложувате голем труд додека вежбате на тренинг, бидејќи на тој начин согорувате калории, а во меѓувреме градите и силна мускулатура. Доколку го започнете денот со десетминутно вежбање, веднаш ќе го забрзате метаболизмот и побрзо ќе го обликувате телото.

Јадете ужина

Навистина е возможно да грицкате и да слабеете, но потрудете се да направите добар избор. Нека Вашата утринска ужина биде овошје полно со антиоксиданси или протеинска храна.