Вест Хем, штотуку објави екстра засилување!
По долги преговори, премиер лигашот го доведе Лукас Толентињо Куељо Де Лима, на фудбалските навивачи познат како “новиот Кака” или Лукас Пакета.
Одличниот 25-годишен играч за врска, пристигнува во Лондон за сума од 60 милиони евра (плус бонуси) што претставува најскап трансфер во богатата тимска историја.
Бразилскиот репрезентативец професионалната кариера ја започна во 2016 година во дресот на Фламенго пред преселбата во Милан, во 2019-та година. Во последните две сезони го носеше дресот на Француски Лион и на 67 натпревари постигна 18 погодоци.
Долгоочекуваниот премин кај “чеканите” е уште по возбудлив имајќи во предвид дека самиот Пакета изрази огромно задовлство за настап на “Лондон” стадион.
Димитар Младеновски