Центарот за управување со кризи известува дека според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на Македонија е во зона со висок ризик од пожари.
Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја).
-Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на Македонија. Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа, и да не се користи оган на отворен простор, велат од ЦУК.
Доколку забележите пожар, веднаш пријавете на 112.















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)



















