Германскиот виролог откри најпрецизен начин за заштита од коронавирусот: 1,8 метри и 6 секунди

341

Тој истакна дека инфекцијата сè уште нема да биде под контрола сè додека не се најде вакцина

Водечкиот германски и светски виролог Кристијан Дростен, експерт за коронавирус и коавтор на тестот САРС, смета дека имунитетот стекнат со друга инфекција со коронавирус во текот на зимата може да го заштити и против Ковид-19.

Коментирајќи го наводниот втор бран во Азија, тој истакна дека тоа биле само старите случаи на вирусот, односно пациенти кои до крајот не биле излекувани. И тука доаѓа дилемата за ефективноста на PCR-тестовите, кои станаа неопходен метод во молекуларното истражување, а чија предност во однос на стандардните имунолошки и микробиолошки тестови е брзината на изведување и добивање резултати.

– Помислете на телото како езерце со златни рипки. Тестирањето значи со заврзани очи, да јс зграпчите кофата и ја ставите во водат за да видиме дали фативте риби. Кон крајот на инфекцијата Covid-19, кога пациентот субјективно и објективно се чувствува подобро, вирусот е сè уште присутен, но неговата концентрација е под границата на тестот за PCR. Тоа е како да има помалку риби во езерцето, така што нема да ги фатите на вториот или тритиот обид, но трет пат ќе успеете – објасни Дростен дека не е можен уште еден бран на инфекција.

Дростен, кој раководи со Институтот Харит во Берлин и е еден од првите што го изолира САРС, постариот брат на Ковид-19, работеше на развивање на тестовите и посочува дека инфекцијата сè уште нема да биде под контрола сè додека не се најде вакцина.

Најважните, додаде тој, се тестовите, реакциите на државите, како што е повторно воведување изолација и соработка на граѓаните, сè додека технологијата за набљудување, која има големи надежи, не обезбеди нова безбедносна мрежа.

Препораката на Достен е дотогаш да се следи правилото „шест стапки – шест секунди“, односно да се задржи контакт со другите на растојание од 1,8 метри и таа комуникација да трае шест секунди.

Германската канцеларка Ангела Меркел се согласува со Дростен. Тој е нејзин водечки советник за време на кризата и таа го поддржува во претпазливи совети за ублажување, кажувајќи им на партиските колеги да не ветуваат дека ќе се вратат во нормала се додека бројките не покажат потенцијален втор бран кој би можел да го оптерети здравствениот систем.