Разрешена судијката Лидија Неделкова

512

Со 10 гласови „за“ и ниту еден „против“ судскиот Совет денеска ја разреши судијката Лидија Неделкова. Претставката против неа ја поднесе екс судијата од Врховен, Јово Вангеловски, поради несовесно и нестручно постапување.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев по завршувањето на седницата изјави дека Неделкова е разрешена и суспендирана, односно времено оддалечена од извршувањето на судиската функција до правосилноста на одлуката.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто е разрешена судијката Лидија Неделкова, Здравев рече дека причините се „ненавремено, немарно, несовесно извршување на нејзините работни обврски, повреда на Судскиот деловник односно Кодекс за судиска етика“. 

Неделкова беше еден од тројцата кандидати за претседател на Врховен суд. Судскиот совет во петокот ја избра Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд.