Расте бројот на жртвите во земјотресот во Албанија, најмалку 13 мртви и над 600 повредени

421

Во силниот земјотрес што утринава ја погоди Албанија, потврдена е смртта на најмалку 13 лица, од кои најмалку две се деца, јавија локалните медиуми.

Како што пренесува Bota Sot, петмина во Туман, градот кој беше најсилно погоден од земјотресот.

Агенцијата АТА јавува дека на најмалку 600 лица им била укажана лекарска помош во здравствените установи. Агенцијата, исто така, пренесе дека досега, од под урнатините се спасени најмалку 28 лица во Туман и Драч, но има и извештаи за значителен број на луѓе кои остануваат заробени во урнатините под остатоците од зградите во тие области.

Епицентар на потресот е лоциран меѓу Драч и Тирана, на длабочина од десетина километри. По силниот земјотрес, следуваа уште неколку потреси.