Расте бројот на заразени со коронавирус: Со новите 23, стигнавме до 1921 случај

143

Во последните 24 часа регистрирани се 23 нови случаи на заболени од Ковид-19.

Резултатот е добиен по изработени 702 тестови.

По градови: Скопје – 12, Куманово – 4, Tетово – 4, Прилеп – 2, Неготино – 1.

Со ова вкупниот број позитивни тестови во земјава достигна 1921.

Истовремено, 9 пациенти се излекувани, а не е регистриран ниту еден смртен случај.