Рапсодија на Вардар во Келн: „Црвено-црните“ водат со пет гола разлика

806

Екипата на Вардар игра како во транс во финалето од Лигата на шампионите во Келн против унгарски Веспрем.

Избраниците на Парондо играат фантастично прво полувреме, сосема спротивно од вчерашниот прв дел против Барселона кога „Црвено-црните“ имаа седум гола негатива, но на крајот сепак успеа да слави огромна победа.

Фантастично играат Вардарци во првиот дел, со динамична и течна игра во нападот, разновидност и голема креативност на Скубе и Карачиќ, а Стоилов и Мораеш фантастично ги реализираа зицер ситуациите, додека Милосављев повторно е брилијантен на голот.

Но, уште ништо не е готово. Вардар вчера успеа да надомести седум гола негатива на полувремето и на крајот славеше со два гола разлика, а Веспрем исто така е сериозен противник, па Роберто Гарсија Парондо ќе треба добро да ги подготви своите играчи за второто полувреме.