Мајами Хит избори пласман во NBA финалето. Синоќа совладувајќи го Бостон (со конечен резултат 125:113) со вкупни 4:2 во победи, ќе има можност да се бори за големиот пехар.Во синоќешниот натпревар, Мајами имаше водство речиси во текот на целиот меч. Селтикси успејаа да направат пресврт на стартот од четвртата четвртина и во еден момент да има предност од шест поени разлика. Сепак, во клучните мигови “жешките” успеа од -6, да направат +14 поени, што на крајот се покажа како пресудно за големиот триумф.Талентираниот “All Star” центар Бам Адебајо одигра одличен натпревар со 32 поени, 14 скока и 5 асистенции. По претходниот меч во кој загубија (и ја превзема одговорносста за слабата игра на својот тим) овој пат беше на висина на задачата.Стандардно добри во балансираниот тим на “жешките“ беа Џими Батлер со 22 поени и 8 асистенции. Дебитантот Тајлер Хиро постигна 19 поени, “зачинети” со 7 асистенции и уште еднаш докажа дека се работи за голем млад талент.Ветеранот Андре Игудала и шутерот Данкан Робинсон постигнаа по 15 кошеви а “змејот” Горан Драгич имаше скор од 13 поени и 7 успешни додавања.Во големото финале Мајами Хит ќе се соочат со Лос Анџелес Лејкерс. Серијата почнува ноќта среда кон четврток.
NBA FAN
Димитар Младеновски