Путин за американската новинарка: “Симпатична жена, ама не слуша што ѝ зборувам”

187

Рускиот претседател Владимир Путин дал интервју за американската новинарка Хендли Гамбл, во текот на кое во еден момент дал одговор на каков воопшто не се надевала.

Рускиот претседател Владимир Путин дал интервју за американската телевизија “CNBC”, а во еден момент во текот на разговорот со новинарката Хендли Гамбл на прашањето за тоа дали “Русија го користи гасот како оружје”, дал одговор кој ги шокирал присутните во салата.

“Русија воопшто не користи никакво оружје, ако обрнувате внимание…Тоа е всушност политички мотивирано тврдење кое нема никаква основа што се однесува до примената на енергетиката како некој вид на оружје”, образложил најпрво шефот на Кремљ, меѓутоа, новинарката не била задоволна од одговорот, па продолжила:

“Видовме глобален скок на цените и како можете да ја натерате Европа да поверува дека сте доверлив партнер кога не ја испорачувате таа енергија преку гасоводите?”, прашала таа остро, а потоа на сцена стапил рускиот претседател со својот духовито-ироничен тон.

“Убава, симпатична жена. Јас ѝ зборувам едно, а таа мене нешто сосема друго. Како да не слушна што ѝ реков”, рекол Путин, на што Гамбл шокирано го погледнала, а потоа ја спуштила главата без да каже ништо.

“Русија ја зголемува, а не намалува, испораката на гас”, продолжил рускиот лидер, пренесува “Sputnik”.