Видеолотарија Касиниос Австрија ги повикува своите следбеници на социјалните мрежи, но и сите останати љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација на уникатна и ексклузивна дружба, зачинета со фантастично изненадување.
В недела, на 6 јуни, од 14.30 часот, македонскиот фудбалски херој, Горан Пандев ќе биде гостин на нашата фан-страница на Фејсбук во live chat!
Секој може да се вклучи и да му постави прашање на нашиот капитен во пресрет на историскиот настап на Европското првенство и на точно една недела до првиот натпревар на Македонија, против Австрија. Уште сега почнете да мислете прашање за Пандев и поставете го во инбокс или, пак, сочувајте го и пишете го во живо, додека тој ќе разговара со вас, фановите и ќе одговара на прашањата.
Tука не е крајот на доживувањето, бидејќи дружбата со Пандев ќе заврши и со едно, супер изненадување. На крајот од разговорот, двајца од фановите ќе добијат по две влезници за натпреварот Австрија – Македонија, кој ќе се одигра на 13 јуни во Букурешт. Сè што треба да направите е да одговорите точно на прашањето, кое Пандев ќе го постави, а потоа самиот ќе селектира кој од оние што точно одговориле е среќниот добитник.
Уживајте во друштво на Горан Пандев, слушнете ги неговите размислувања за настапот на Македонија на Еуро 2020 и не ја пропуштајте шансата и вие да можете да викнете: Одам на Европско!
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










