Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави денеска дека „внатрешната политичка борба“ во САД е причината поради која досега не се состанал со американскиот претседател, Доналд Трамп. Прашан зошто сè уште немало средба, Путин рече дека тоа прашање треба да им се постави на официјални лица во САД.
„Тоа треба да ги прашате нашите колеги во САД. Според мое мислење, состанокот изостана поради внатрешна политичка борба во САД“, изјави Путин во интервју за австриската РТВ ОРФ пред утрешната посета на Австрија.
Рускиот лидер повтори дека со Трамп се среќавал на состаноците на Групата на индустриски најразвиените земји во светот и на земји во развој (Г20) и Азиско – пацифичката економска соработка (АПЕЦ), а неколку пати разговарале и телефонски.
Путин смета дека Русија и САД заедно би можеле да избегнат нова трка за вооружување и дека Москва очекува да се работи на тоа поле. „Трамп во телефонски разговор ми кажа дека е загрижен поради новата трка за вооружување и јас со него се согласувам. Не ја започнавме ние таа приказна. Како што знаете, ние не се повлековме од договорот за противбалистички ракети“, наведува Путин.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



