„Те сакам, од овде до небото и назад“ – Пратеникот Коста Костадинов со дијамански прстен ја запроси Марија

236

Портпаролот на владејачката СДСМ и пратеник Костадин Костадинов ја запроси својата девојка Марија Десанова, со која подолг период е во врска, а радосната вест ја сподели со сите на социјалната мрежа Фејсбук, постирајќи фотографија од раката на својата свршеничка на која блеска златен дијамантски прстен.

-Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе. Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам, од овде до небото и назад – објави Костадинов.

Објавата на Костадинов собра многу честитки на социјалните мрежи од сите страни, но сеуште не се знае кога ќе биде одржана свадбената церемонија, со оглед на тоа дека сме во здравствена криза, па поради протоколите и заштитните мерки не е дозволено поголем собир и групирање.

И покрај тоа што долго време се заедно, Коста и Марија ретко споделуваат детали од приватниот живот во јавноста. Познато е дека Марија по потекло е од Битола, а парот живее заедно во Скопје.