Терористи со помош на дронови ја нападнале руската воена база “Хмејмим” во Сирија, а нападот го одбиле силите на ПВО, соопштил раководителот на Центарот за помирување на завојуваните страни во Сирија, Алексеј Бакин.
Во нападот на две беспилотни летала никој не бил повреден.
Руските средства за противвоздушна одбрана откриле и уништиле две беспилотни летала, кои се приближувале до руската воена база од југозапад.
وزارة الدفاع الروسية تؤكد تصديها لهجوم على قاعدة حميميم https://t.co/vSrDgKtRS9 pic.twitter.com/naTj9yaqDy
— ArabPeaceNews (@ArabPeaceNews) June 27, 2019
Освен тоа, Бакин предупредил дека во јужниот дел на Идлиб останува веројатноста за провокации, со употреба на отровни материи.
“Според достапните информации, постои можност припадници на терористичките организации, со цел да провоцираат, да исценираат примена на отровни супстанци во јужниот дел на зоната на деескалација на Идлиб, со цел Владините сили да се обвинат за употреба на хемиско оружје против цивили”, нагласил тој.
قصف مطار حميميم من قبل جيش العزة وهروب الجنود الروس
?????? pic.twitter.com/OjkZDhi9Kw
— حزب اللبناني المعتر???? (@freemanlebanon) June 26, 2019
Судирот во Сирија почнал во 2011-та година. Вооружените сили на Русија во 2015-та година, на повик на официјален Дамаск, почнале да помагаат во ослободувањето на територии од земјата од илегални вооружени формации. Две години подоцна, руската команда објавила крај на активната фаза на воени операции против терористите.