Во разговорите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин постави јасни барања за прекин на инвазијата на Украина.
Главниот советник на Ердоган, Ибрахим Калин, изјави за Би-Би-Си дека барањата на Русија вклучуваат прифаќање на Украина да биде неутрална во иднина и да не стане членка на западната воена алијанса, НАТО.
Пред некој ден на тоа се согласи и украинскиот претседател Зеленски.
Другите барања што ги поставува Путин вклучуваат „клаузула за деназификација“ која, иако е навредлива за Зеленски, украинскиот претседател веројатно би можел да ја прифати и обврска да го заштити рускиот јазик.
Тука завршува полесниот дел од барањето, пишува Би-Би-Си.
Путин, исто така, бара делови од источна Украина и прифаќање од Зеленски дека Крим, кој Русија го окупираше во 2014 година, сега е постојан дел од Русија.
Тоа, рече Путин, може да се реши само преку разговор лице в лице со украинскиот претседател Зеленски, кој претходно изјави дека е подготвен да разговара со рускиот претседател.
Сепак, турската страна смета дека може да поминат недели пред да се постигне каков било договор.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















