Мери Буџаку: Кирацовски си ги вработи сите швалерки од селата

772

Ние имавме другар кој што внатре работеше постојано 24 часа за партијата, беше избркан од Кирацовски затоа што го обвинувавме дека сите швалерки си ги донесоа и си ги вработија од селата од Прилеп од Битола, изјави шарената револуционерка и активистка на СДСМ, Мери Николова Буџаку во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Се чувствуваме многу бедно, не јас како личност како Мери Николова, туку оние луѓе кои сме опколени со нив, со интелектуалци кои се останати на улица и со месеци плата немаат земено, плаќаме криија, се молиме на државата да ни дадат социјални станови, за двајца интелектуалци без работа“ вели Николова Буџаку.

Таа истакна дека додека Заев се вози со мотори и има полиња со марихуана која не е мала работа и се многу пари, вистински интелектуалци се на улица и се без работа и сопствен дом

Бараме да се сместат двајца интелектуалци, да се вработат. Нека купи Заев по еден стан навистина ако е толкав лидер и хуманитарец, или нека дозволи државата да даде отчет на кого се делат социјални станоови“нагласи Николова Буџаку.