Морбидно селфи од Љупчо Палевски – Палчо, убиецот на малата Вања и велешанецот Панче.
На социјалните мрежи се споделува фотографија, селфи на првоосомничениот за киднапирањето и убиството на велешанецот Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска од Скопје, Љупчо Палевски Палчо, направено во Велес.
На селфито на Палчо се гледаат случајни минувачи кои преминуваат улица. Но според објавите на социјалните мрежи, тоа сепак не се случајни минувачи туку се внукот и зетот на убиениот Панче од Велес.
Според дел од македонските портали фотографијата наводно е направена набрзо по убиството на велешкиот фризер.
-Нека види цела јавност каков психопат е убиецот на дедо ми, додека шетам по улица со татко ми, тој прави селфи и ја објавува сликата на својот Фејсбук профил. Објавете ја сликава нека гледа цела јавност – пишува на селфито.