Прва жртва на падот на лирата: Пропадна голема инвестиција на Балканот

1181

Поради флуктуацијата на јужноафриканскиот ранд и турската лира, планираното купување на словенечката Фабрика за батерии (ТАБ) од Межица не е реализирано.

Директорот на ТАБ, Богомир Ауприх, потврди за љубљански „Дневник” дека разговорите со „Метаир инвестментс лимитед” од Јужна Африка беа прекинати, објави Б92.

 

 

„Високата нестабилност и падот на вредноста на турската лира и јужноафриканскиот ранд, најважните валути за ‘Метаир’, како и зголемените трошоци за финансирање на двата пазари, се објективни околности што го отежнуваат остварувањето на стратешките врски. Поради сегашната финансиска нестабилност во Јужна Африка, ‘Метаир’ сака да се фокусира на деловното оптимизирање“, наведоа во објаснувањето, објави Б92.

Корушката компанија, чии приходи во последните две децении се зголемија околу десет пати, има намера да продолжи со потрагата по стратешки партнер, објави „Инвеститор“.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СИТЕ ВЕСТИ ОД ЕКОНОМИЈА