ајниот тунел низ кој славниот нарко-бос Хоакин Ел Чапо Гузман бегал од американските и мексиканските специјалци, конечно е прикажан во јавноста, благодарение на снимката од камерите кои специјалците ги носеле со себе.
На снимката се гледа како мексиканските маринци со чекан ја кршат влезната врата во скривницата на Ел Чапо, а потоа ги пребаруваат просториите.
Во текот на операцијата било откриено дека под кадата има скриени скали, преку кои Гузман го спровел своето бегство во 2014-та година.
Ел Чапо тогаш сепак бил уапсен, но подоцна успеал да побегне од затвор. Меѓутоа, ни тоа бегство не траело долго, а за повеќе да не ризикуваат да побегне од мексикански затвор, каде лесно може да ги подмити чуварите и им бројни врски, мексиканските власти го предале на Америка, каде во тек е неговото судење.
Неговата љубовница Лусеро Гвадалупе Санчес Лопес, на судењето раскажала дека Ел Чапо бил гол кога на врата му дошле специјалци, па двајцата веднаш истрчале кон тајниот тунел под кадата, кој водел до канализацијата.

Меѓутоа, тие се разделиле во тунелите во канализацијата и тој бил фатен.
Таа исто така зборувала и за нивната бурна врска која почнала додека неговата сопруга Ема Коронал била бремена.
На судењето биле прикажани и бројни докази, меѓу кои и различни видови на пиштоли, голема количина на муниција, како и пластични банани полни со дрога.
