На фотографиите кои ги објави Бакингамската палата во неделата доцна навечер, британската кралица Елизабета втора е фотографирана како јава 14 години старо пони по име Балморал Ферн во паркот кој го опкружува дворецот Виндзор.
Од воведувањето на карантинските мерки во Велика Британија, Елизабета живее во Виндзор со сопругот, принцот Филип (98), бидејќи двајцата спаѓаат во ризична група на постари лица кои се повеќе подложни на зарази и развој на потежок облик на Ковид-19. Од тоа место во последните неколку месеци, неколкупати ѝ се обрати на нацијата, со изјава или ТВ-обраќање.
На фотографиите кралицата носи розева мрама на главата, бели ракавици и јакна од зелен твид.
🐴 The Queen is pictured riding Fern – a 14 year old Fell Pony – in Windsor Home Park this weekend. pic.twitter.com/z9DUnW9yB3
— The Royal Family (@RoyalFamily) May 31, 2020
Елизабета втора е позната како љубител на животните, а посебно е наклонета кон коњи и кучиња. Кога на средина на март од Бакингамската палата се преселила во Виндзор, среде пандемијата на коронавирусот, наводно со себе ги понела и двете велшки корги, Кенди и Вулкан.
Но, со оглед на тоа дека припадниците на британското кралско семејство ниту за карантинот не се откажуваат од вообичаениот луксузен начин на живот, во Виндзор, Елизабета и Филип преселиле и многу слуги, пренесува „Britain’s Press Association“.