Темната страна на Леонардо Ди Каприо: Застрашувачки приказни скриени од неговите адвокати

140

Леонардо Ди Каприо низ годините водеше бурен живот, а неговите адвокати се обидоа сето тоа вешто да го прикријат.

Холивудскиот шармер Леонардо Ди Каприо го прослави својот 44 роденден. Неговото минато е придружено со разни грди приказни кои низ годините успешно се сокривани.

Бабата на Леонард Ди Каприо, Хелен Индербиркен, е родена во Русија по име Јелена Смирнова. Актерот отсекогаш велел дека е „половина Русин“, а во една прилика изјави дека би сакал да го глуми Путин ако некогаш се направи филм за претседателот.

Ди Каприо на 23-годишна возраст се прослави како убавец, поради своите улоги во „Ромео и Јулија“ и „Титаник“. Тинејџерки, млади и не толку млади дами буквално се нафрлија врз него во тој период, а тој, новонајавуваниот „крал на светот“, можеше да избира и да се забавува со која сака и како сака. Тогаш, заедно со колегите Тоби Мегваер, илузионистот Дејвид Блејн и Лукас Ха, крстареа низ клубовите и од јавноста нивната групата беше наречена „pussy posse “.

Елизабет Беркли, актерката која се здоби со слава со филмот „Showgirls“, ја фатиле на око една вечер. Групата мислела дека таа е малку послободна во приватниот живот и ја поканиле да им се приклучи. Но, таа има објаснила дека е во клуб со своето момче Роџер Вилсон.

После тоа започнала серијата незгодни повици, а Роџер дури и вербално, во една прилика, се судрил со Леонардo. Се завршило со борба пред клуб каде Вилсон беше тешко повреден. Се сомнева дека го удрил Леонардо, кого Роџер го тужеше за 45 милиони долари. Случајот се реши спогодбено и сторијата престана да се споменува.

Втората „изгореница“ на Лео се случи во 2011 година. За време на Канскиот филмски фестивал во 2011 година, исто толку важен и за филмовите колку и за богатите јахти, кои се закотвиле на Азурниот брег, Азур, Лео бил домаќин на својата вообичаена екипа на еден ваков брод – богати пријатели и помалку богати, модели, старлети и слично. Меѓу нив била и Блејк Лајвли, за која не се знае што точно барала во Кан, но се знае дека таму таа поминала некое време со Лео.

Следувало љубовно лето, Ди Каприо и Блејк јавно низ европските туристички дестинации уживале, а во рана есен, Блејк го посетила во Австралија, каде тој бил работно ангажиран. Но,таа ја прекина нивната врската неколку дена подоцна, „затоа што не била подготвена за сериозна врска како што сакал Лео“, тој со денови ги „забавувал“ сите на снимање, но правел и големи проблеми. Уште полошо, само една недела подоцна, Блејк започна многу сериозна врска со Рајан Рејнолдс, која заврши во брак. Ди Каприо набрзо потоа се врати на мaнекенките.

За него се зборува дека е неверојатно „надарен“, причина плус зошто девојките паѓаат пред него на колена. Боби Браун тврди дека во еден момент кога ја оставил Томи Ли, таа се забавувала со Лео. Била шокирана кога ги Ди Каприо ги спуштил пантолоните. „Огромен е“, вели таа.

Многу светски модели поминаа низ неговиот живот, скоро секогаш двојно поголеми од неговата возраст. Врските биле краткотрајни, а тој секогаш се обидувал да ја задржи интимноста далеку од јавноста.

Леонардо Ди Каприо во животот има само две важни жени кои секогаш се тука за него – неговата мајка и најдобриот пријател Кејт Винслет. Имено, Лео се запозна со Кејт на снимањето на филмот „Титаник“, и нивното пријателство, од кое дури и денес има полемики за тоа дали можеби имало нешто друго, трае до ден денес, така што тие секогаш се таму да се поддржуваат едни со други.

Мајката на Лео, Ирмелин, германка, која работела како секретарка кај адвокат, живееше со актерот до еден месец пред премиерата на „Титаник“. Таа се обидуваше да го изведе на прав пат во западен Холивуд, маало што го водат дилери на дрога и проститутки.  Лео имал пет години кога бил прикован на ѕидот од страна на еден дилер вооружен со ножеви, а ќотек добивал скоро секој ден. Таткото на Лео, Џорџ, карикатурист и продавач на стрипови, се бореше да остане во животот на неговиот син дури и откако се разведе од неговата мајка, кога Лео имал само една година.