Професори по медицина копирале цели пасуси од други автори, и ги објавиле во текстови како свои научни трудови – овој скандал излезе од тетовскиот Универзитет, за кој детали откри истржувањето објавено во списанието Веритас.
Во обемната анализа се издвоени неколку професори кои направиле плагијат од туѓи автори кои се потпишале на истражувања од медицината кои не ги направиле тие – од бременост, мозочни проблеми и бубрежни болести, до антибиотици и совети за жените во менопауза.
Авторите на истражувањето пак пишуваат дека ова не е прв ваков случај на тетовскиот Универзитет. Досега поднеле низа претставки за кражба на трудови, но одговор ниту еднаш не добиле.
– Интелектуалната иницијатива за подобрување на квалитетот во универзитетското образование“ (NIRCAU.Медицинскиот факултет во Тетово е еден од бастионите на непотизам, плагијат, купување и продавање оценки, антиакадемизам и „интелектуална“ мафија, што може да се докаже и со други податоци – колку од нив ги носат истите презимиња– пишува во истражувањето.
Според истражувачите на овие трудови, најспорно е тоа што некои од професорите имале украдено буквално цели текстови, со единствена промена на име, презиме и државата каде се објавува. Во просветниот инспекторат, веќе било алармирано за овие скандалозни научни трудови.
– Врз основа добиена претставка и на овие сознанија, Државниот просветен инспекторат, ќе изврши вонреден инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово, во однос на наводите за плагијати на одредени професори на Факултетот за медицински науки, – Државен просветен инспекторат.
Канал 5 се обиде да побара одговори од управата на Универзитетот во Тетово, но на телефонскиот број и на емаилот за контакт оставен на нивниот веб сајт, никој не одговори.