Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, за ТВ21 ја потврди веста дека Македонија од САД ќе набави борбени возила „Страјкер“ и дополнителна опрема за македонската армија во вредност од 210 милиони долари.
Шекеринска вели дека Стејт департментот веќе дал зелено светло за оваа цел.
Македонија од САД побарала набавка од 54 борбени возила „Страјкер“, и тоа во три верзии М1126 за превоз на пешадија, командно возило М1130 и возила на кои е монтиран минофрлач со верзија М1129.
За овие возила е предвидена и набавка на дополнителна опрема – митралези калибар 12,7 мм, фрлачи на димни бомби М6, радио уреди, борбени станици управувани од далечина. ГПС приемници, термовизија за возачи, резервни делови, алат, опрема за испитување и технички прирачници.
Исто така би требало и американски претставници да допатуваат во нашата земја, за да се запознаат со логистичките можности за приемот на возилата и изборот на посада. Тоа треба да се случи во следната година.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











