Маркетите, пекарите, дуќаните ќе мора да воспостават ред и внатре и надвор во објектите, за да го спречат ширењето на вирусот – во спротивно ќе плаќаат казни до 2.000 евра. Во новото законско решение кое веќе е во собрансика процедура наведено е дека секоја продавница ќе мора да обезбеди редарска служба која ќе го контролира минималното растојание од 2 метри пред и внатре во објектот.
Дезинфекцијата на раце при влезот ќе биде задолжителна, правецот на движење ќе мора да биде означено, како и минималното растојание од 2 метри. Пред секоја каса за наплата, но и пред објектот задолжителната дистанца мора да биде означена. Вработените ќе мора да носат маски и ракавици цело работно време. Во објеклтите ќе може да пазари најмногу по едно лице на 10 метри квадратни.
Во моментов, според граѓаните, мерките за заштита генерално се почитуваат, но има и такви објекти каде гужвите се секојдневие.
Микро и малите фирми кои нема да го почитуваат законот, ќе плаќаат од 500 до 1,000 евра , казна, додека средните и големи трговци од 1,000 до 2,000 евра. Глоба од 50 евра е предвидено и за вработеното лице кои нема да ги почитува законот.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















