Вајт во интервју за американската мрежа „Си-Би-Ес“ најави дека веќе разговарал со Нурмагомедов и верува дека има големи шанси Дагестанецот да се премисли и да не замине во пензија, туку уште еднаш да се врати во октагонот и да ја исполни последната желба на неговиот покоен татко.
„Јас и Хабиб разговаравме. Тој беше многу емотивен после настанот (УФЦ 254 – н.з.), откако ја доби таа борба. Мислам, а и имам чувство дека ќе брка 30-0 (Хабиб има 29-0 во УФЦ после последниот триумф – н.з.). Мислам дека ќе се врати за уште една борба. Неговиот татко сакаше да стигне до 30-0 и мислам дека ќе му ја исполни таа желба“, вели Вајт.
Нурмагомедов после победата над Грејчи прсна во плач откако пред неколку месеци го загуби својот тренер и татко, кој почина од компликации од коронавирусот, па објави пензија зашто тоа ѝ го ветил на својата мајка, дека ова ќе му биде последна борба и дека нема мотив да се бори кога неговиот татко не е зад огратата на октагонот.
Но, ако Хабиб се премисли, тогаш најверојатно последната борба же му биде со Џорџ Сент Пјер, за кој и претходно најави дека е единствениот борец во УФЦ кој го возбудува за да се бори.