Германецот доживеа тешка несреќа при скијање на француските Алпи во 2013 години и се здоби со тешки повреди на главата. Неговата здравствена состојба беше исклучително сериозна, но Тод вели дека седукратниот светски шампион напредува добро.
„Го видов Михаел минатата недела“, изјави Тод за „Дејли Мејл“. „Тој се бори. Се надевам дека светот наскоро ќе може да го види повторно. Тоа е нешто на што тој и неговото семејство работат напорно“, додаде првиот човек на Интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА).
Шумахер закрепнува во својот дом во Женева, Швајцарија, а му беше направена операција на мозокот. Неговото семејство ги ангажираше најдобрите доктори да помогнат при неговото заздравување, а од ова што го вели Тод можеби наскоро повторно ќе го видиме легендарниот Германец.