Програмата Аполо официјално е завршена во 1972 година, при што Аполо 17 била последна мисија во рамките на кои се одело на Месечината.
Меѓутоа, НАСА планира уште три мисии, Аполо 18, 19 и 20. Спрема независните аналитичари, тајните Аполо мисии откриле древни вештачки направени градби на Месечината, а имало желба тие да се проучуваат без знаење на јавноста.
Аполо 20 се смета за еден од најпрекриените случаеви во модерната историја. Во 2007 година, на Јутјуб се појавија неколку снимки, а корисникот кој ги постави наведуваше дека се во прашање снимки од Аполо 20.
Овие снимки се направени на филмска трака од 16 милиметри и ја прикажуваат внатрешноста на командниот модул Аполо 20, но и сложена арктиектура на одамна напуштен град на Месечината.
Корисникот се идентификувал како поранешен астронаут Вилијам Рутлеџ, а спрема неговите зборови, мисијата се случила во 1976 година и била таен подвиг на Советите и Американците.
Тој е одбран како член на тимот, бидејќи бил атеист, што било реткост помеѓу астронаутите во седумдесетите години на минатиот век.
Зошто на НАСА и бил потребен некој кој не верува во Бога? Дали верник после она што ќе го види таму горе би престанал да верува?
Рутлеџ изјавил дека за време на мисијата Аполо 14 е забележан јужен поларен регион на Месечината, при што се воочени бројни напуштени вселенски бродови и градови.
Аполо 20 слетал некаде близу кратеот Делпорте, а целта на мисијата било да се истражи вселенскиброд кој бил напуштен 1,5 милиони години.
Астроунаутите во внатрешноста на вселенскиот брод пронашле два мртви вонземјани. Бидејќи машкиот вонземјанин не бил доволно зачуван, за проучување ја одбранле вонземјанката, која го добила името Мона Лиза.
Таа имала човеколико тело, шест прсти и нејзините карактеристики биле слични на човечките, но таа немала ноздри.
Рутлеџ навел дека таа била во некаква состојба на хибернација, односно не била ниту жива ниту мртва. Била поврзана со контролите на бродови, при што неколку цевчиња биле поврзани со нејзиното тело и била прекриена со некаква супстанца слична на восок.
Таа била донесена на Земјата, а Рутлеџ смета дека успеале да ја оживеат и дека ја чуваат на некое тајно место и ден-денес. Машкиот вонземјанин исто така бил донесен на Земјата и на него му е извршена аутопсија. Астроунаутите со себе ја понеле целата технологија.
Вилијам Рутлеџ денес има 78 години и живее во Руанда. Тој вели дека повеќе не му е гајле за разоткривањето на мисијата. Тој исто така изјавил дека НАСА, ниту било кој друг нема право да чува вакви работи скриени од остатокот на светот.
Дали во прашање е некаква завера, или?