Некои од луѓето имале можност да ги посетат големите светски метрополи и богатите земји, па да видат одблизу како живет луѓето таму. Многумина се враќаат со импресии од културата и современиот начин на живеење, меѓутоа поблиску до срцето им е менталитетот на Балканот.
Оваа жена веќе не планира да се врати назад во својата земја, затоа што културата и стилот на живеење на современата држава и се поблиску до нејзините размислувања.
Во продолжување можете да го прочитате нејзиното размислување многубројните факти кои таа ги набројува како причина за никогаш да не се врати назад.
Одлуката за преселување во друга држава, секако е една од најголемите и најрадикалните кои може да се донесат во животот. Една Украинка собрала доволно храброст и одлучила да се пресели во Норвешка.
После само една година живеење таму таа е решителна дека не сака да се врати и ги открива најважните факти кои ги заклучила живеејќи во другата држава:
Норвешка е многу побогата држава од мојата родна Украина. Нивото на корупција е исклучително ниско, го нема. Овде судовите судат чесно и доколку по било кој основ сте го прекршиле законот, ќе си ја сносите пропишаната казна која важи еднакво за сите.
Она што ме остави без зборови е нивниот здравствен систем, секако во позитивна смисла. Не можам да го споредам со нашиот.
Овде сè оди полека, но секогаш кон подобро. Многу работи се бесплатни (влезот во бројни места, настани, објекти, бројни поправки).
Овде никој не ја затвора, соѕидува и застаклува терасата, бидејќи сите го ценат тоа парче небо кое го имате. Овде никој не ги краде сијалиците од ходникот во зградата, бидејќи и тие се бесплатни.
Овде луѓето се шетаат со децата и фамилијарно се возат велосипеди, наместо фамилијарно да седат пред телевизорот и да гледаат неедукативни програми.
Тука никој не го остава ѓубрето зад себе во природа, улиците се чисти, бидејќи никој не фрла отпадоци. Сообраќајните несреќи се многу ретки, а веќе неколку години наназад ниедно дете не постра дало во несреќа.
Луѓето овде ги почитуваат сообраќајните знаци и не ја надминуваат препорачаната брзина. Ниту си ресекуваат еден на друг во сообраќајот.
Велат дека Норвежаните имаат долг животен век, бидејќи се една од најбогатите земји. Не – Норвежаните многу се грижат а своето здравје, не пропуштаат да отидат на редовни систематски прегледи и затоа тие живеат повеќе од 90 години.
Овде луѓето не се опиваат и не пушат.
Во Норвешка превентивните прегледи се потполно бесплатни и нормално е да отидете на лекар и кога ништо не ве боли. Поскапо е единствено поправката на заби, но нивното чистење е бесплатно.
Бесплатно е и рутинското годишно вадење на крв. Што и да ви се случи, се лекувате на трошок за државата. Овде е сосем нормално да видите пензионери како шетаат или патуваат низ целата држава. Така си го чуваат здравјето и бракот.
Луѓето тука се тивки и културни. Никогаш нема да видите некој да разговара гласно на телефон во полно метро. Овде луѓето не даваат совети ако некој не ги праша.
Овде балконите се преполни со цвеќе. Погребите се многу скапи. Одгледувањето на куче е многу скапо – од исхрана до казни ако случајно ви побегне или укаса или нападне некој.
Тоа се некои од работите кои ги забележав речиси веднаш само што дојдов. И сето тоа ми се допаѓа. Размислувам до моите 90-ти, колку што луѓето претежно живеат овде, да станам вистинска Норвежанка… И секако, не размислувам никогаш да се вратам назад…