Поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, на 3 ноември, потпишал договор за новогодишно украсување на Скопје за речиси 244.000 евра.
Договорот е со фирмата „Линк Медиа Плус“, која последниве години го прави тоа.
Според договорот што е објавен на Бирото за јавни набавки „Линк Медиа“ треба да го украси градот до 20-ти ноември.
Покрај Плоштадот на кој ќе има елка од 20 метри, фирмата е обврзана со украси и светлосно декорирање како што стои „во духот на модерното време и живеење, со високи естетски,уметнички и ликовни ефекти“ на централното градско подрачје. Тоа значи покрај плоштадот и улица „Македонија“ ќе се украсат и уште 17 улици и булевари низ центарот на главниот град.
Фирмата „Линк Медиа“ и годинава била единствена која доставила понуда на јавниот повик.














![[ВИДЕО] Санти мраз во Њујорк, има мртви](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/lvQFd-nji-jork-depositphotos-21425537-xl-218x150.jpg)




![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)












