Никогаш досега во кариерата не направила вакви фотографии: Анџелина Џоли во една секунда го “сруши“ Инстаграмот

77

Холивудската дива по неколку години медиумска изолација повторно редовно се појавува на црвените теписи и дава интервјуа, а овојпат публиката ја израдува со еротскиот едиторијал кој го направила за новото издание на списанието “Harper’s Bazaar“.

Убавата актерка ќе ја краси и насловната страна на декемврискиот број на ова списание, а таа во интервју за нив открила и како се справува со последиците од разводот со Бред Пит.

Сè уште не се објавени сите фотографии, но добивме можност да погледнеме некои од нив па и оние на кои Анџелина позирала гола.

На една од фотографиите, оваа убавица е целосно гола, прекриена само со проѕирен вел додека пак градите ги прекрила со рацете.

Има уште една заводлива фотграфија на која ја гледаме во црн, мрежест комбинезон под кој носи само градник и гаќи. Во вакво смело издание одамна не сме ја виделе, но очигледно дека Анџелина одлучила повторно да го покаже својот сексапил.

Во интервју самата себе се опишала како немирна и со диво срце, а изјавила и дека најмногу ужива во различностите.

„Означување на луѓето и нивно ставање во одредена категорија не е слобода. Различноста е тоа што најмногу го ценам, во своето семејство и кај другите. Не сакам да живеам во свет во кој сите се исти и мислам дека тоа важи за сите оние кои го читаат ова. Сакам да запознам луѓе кои досега никогаш не сум ги сретнала и да научам работи кои не ги знам. Денес е предизвик да ги прифатиш разликите, а сепак да не се делиме или пак да не се вбројуваме во други луѓе“ – објаснила таа.

View this post on Instagram

“Labeling people and putting them into boxes isn’t freedom. Difference and diversity are what I value most—in my family and in others. I don’t want to live in a world where everyone is the same, and I imagine that’s true for everyone reading this. I want to meet people I’ve never met before and learn things I don’t know. The challenge today is to embrace our differences. And not to be fooled by efforts to divide us or make us fear others. We’re seeing a retreat of values worldwide.” #AngelinaJolie opens up in our December 2019/January 2020 issue. Tap the link in our bio to read now. Photography by @solvesundsbostudio Styling by @patrickmackieinsta Hair by #malcomedwards Makeup by @thevalgarland Manicure by @chisatochee

A post shared by Harper's BAZAAR (@harpersbazaarus) on

„Тешко ми е да се носам со нешто што е невидливо. Животот носи многу промени. Понекогаш те боли, а понекогаш гледаш како ги боли оние кои многу ги сакаш и не можеш да бидеш толку многу слободна колку што твојот дух бара. Сега чувствувам дека крвта ми се враќа во телото“ – заклучила Џоли.