Пратеничката Зајкова хоспитализирана поради Ковид-19

454

Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП е позитивна на коронавирус и е хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје.

„Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитлизирана поради заразеност од коронавирусот“, објави Зајкова на социјалните мрежи.

Таа вели дека и нејзините родители се позитивни, за среќа, со полесни симптоми.

„Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле. Како се чувствувам? Tелесната температура не ми спаѓа под 38,5, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност. Констатирано ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна“, пишува Зајкова.