Познато колку дупки на патот има до Средно Водно – Градот одговори кој треба да ги санира

199

Колку пати сте биле на Средно Водно, со автомобил, со велосипед или пеш и притоа сте морале да избегнувате многу дупки што се наоѓаат на патот? И сигурно сте забележале како изгледа патот, крпеници и дупки… Дали сте се обиделе да ги изброите… Епа некој и тоа го направи..

Активисти преку ноќ со жолт спреј ги одбележаа сите дупки повикивајќи го градот да ги пополни.

Откако на социјалните мрежи Градот беше посочен, од таму одговорија..
Почитувани, патот до Средно Водно – Горно Нерези е регионален пат и не е во надлежност на градот и за истиот треба да се грижи јавното претпријатие за државни патишта. Што е до нас, ќе алармираме за ова до надлежната институција. Ви благодариме.

Дали мислите дека Градот нема надлежност за ова?