Позната причината поради која девојката го прекина мечот меѓу Белгија и Финска

544

Дуелот во Санкт Петербург меѓу Белгија и Финска на момент беше прекинат поради девојка која истрча на теренот.

Таа влета меѓу фудбалерите и носеше маица на која пишуваше „WTF Coin“, со веб-адреса каде што е можно да се добијат подетални информации за тоа како да ја преземете и размените оваа криптовалута, која е конкурент на најпопуларниот биткоин.

Младата девојка успеа да му побегне на обезбедувањето и речиси стигна до половина терен. Меѓутоа тоа беше крај на нејзината авантура, бидејќи лицата од обезбедувањето ја спречија да направи поголем инцидент.

Без оглед на сè, девојката си ја заврши работата, бидејќи многумина се заинтересираа за нејзината веб-адреса.