Болничкиот персонал има многу стресни ситуации. Спасувањето на животи, но и губењето на пациенти, се секојдневна работа. Медицинската сестра Крис Мампин од Бразил со целиот свет споделила едно свое искуство.
Бездомникот Цезар тешко се разболел, па побарал помош во регионалната болница Алто Вале, во јужната бразилска држава Санта Катарина.
Меѓутоа, иако е Цезар во тешка ситуација, не му недостасуваат пријатели. Четири кучиња стоеле на вратата од болницата со загрижени изрази на лицето, трпеливо чекајќи го Цезар.
Крис подоцна дознала дека бездомникот од љубов се грижи за нив и дека често останува гладен за да ги нахрани.
“Сите се подгоени и добро чувани. Гледајќи ги како трпеливо чекаат на вратата, јасно ви е колку го сакаат”, рекла Крис за сајтот “Dodo”.
Кога Цезар доволно закрепнал, Крис на кратко ги довела неговите пријатели да го видат, а му понудила на Цезар и храна.
“Малку јадеше, но остави и за кучињата за да ги нахрани подоцна”, рекла трогнатата медицинска сестра.



















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















