Инфлуенсерката Миа Костова пред неколку часа на својот Јутјуб канал го објави своето најново видео, кое, во најмала рака, сигурно ќе ве насмее.
Миа Костова, заедно со Тијана Скулиќ, на хумористичен начин ја прикажува состојбата во нашиот здравствен систем, барем во некои здравствени оддели и клиники.
Инфлуенсерката во видеото глуми главна сестра, додека Тијана има две улоги – пациент и млада сестра.
На почетокот на видеото, поранешната водителка напоменува дека оваа содржина нема политичка конотација, ниту има намера да ги деградира здравствените работници.
„Сите ликови и имиња во ова видео се измислени. Секое препознавање е чиста случајност“, вели Миа на почетокот од видеото.
„Овде лош коментар ќе добиеш од докторка само“, „Хит сте“, „Шминката оригинал, браво“, „За оскар дефинитивно, жално е да не ја уновчите дарбата за глума“, пишуваат следбениците на Миа во коментари под видеото на Јутјуб.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











