Позитив на денот: „Денеска видов многу убава слика…“

301

Денеска видов многу убава слика.
Па посакав да ви ја покажам, зашто на сликава успешно заробиле еден многу убав и редок тип на љубов во светов.

Љубов што те смее на најгласно.
Љубов со која што за 3 месеци стигаш 60 и не ги осеќаш годините како те поминуваат.
Љубов која што не се плаши од кавги, и најборбен аргумент и не ми се нервирај нема да ми дочекаш 40 вака.
Љубов која што тивко но сигурно секој ден ти покажува дека се се’ разбира, се се’ поправа.

Љубов која што не се плаши од твојот хаос, туку напротив го разбира како свој и ја има трпеливоста да ти помогне сам да го разбереш и решиш.

Љубов што нема рок на траење.
Љубов од оние што мислиш дека се мит или приказна, а всушност постои, само треба да веруваш за да ја најдеш.

loading...