Раѓала и фотографирала во исто време, фотографиите кои ги снимила се неверојатни

714

Како искусна фотографка, Меган Матиуцо вели дека се навикнала да снима моменти кои повеќе не можат да се повторат. Кога за првпат дознала дека е бремена и дека ќе стане мајка, веднаш знаела дека сака да улови сè, од првиот здив до првиот момент кога ќе им се сретнат очите.

Меган Матиуцо е професионална фотографка од Њујорк која фотографира венчавки и мода. Кога дознала дека е бремена, рекла дека си ветила себеси и на сопругот Рајан дека ќе направи фотографии за паметење од сопственото породување. Иако звучи неверојатно, таа успеала во својата мисија да ги улови првите секунди од доаѓањето на свет на нејзиното бебе.

Целото породување било навистина хаотично. Мајката на Меган била присутна како морална поддршка на својата ќерка. Рајан исто така бил во собата, со телефонот во едната рака и фотоапаратот во другата рака за да може да ѝ го подаде на сопругата кога ќе го побара.

И покрај тоа што раѓала, Меган успеала да го улови совршениот момент за фотографирање. Така на свет дошол Истон Матиуцо, сосема здраво момче.

Мајката уште следниот ден ги објавила фотографиите на Фејсбук и сосема очекувано многу брзо станале вирални:

“Постојано правам фантастични фотографии за другите. Зошто да не си дозволам и себеси нешто такво?”, напишала Меган.