Американците ја обвинија иранската Револуционерна гарда за нападот на танкерите: Трамп испраќа дополнителни сили на Блискиот исток

163

Американската армија ја обвини иранската Револуционерна гарда дека е директно одговорна за нападите на танкерите на Обединетите Арапски Емирати во текот на овој месец.

Според Американците, тоа е дел од „кампањата“ на Техеран која што го поттикна новите реакции на Соединетите Американски Држави.

„Нападот на бродовите е дело на иранската Револуционерна гарда“, изјави контраармиралот Мајкл Гилдај, додавајќи дека Пентагон ја обвинува гардата за поставување на поморски мини во тоа подрачје.

Тој одби да го опише начинот на поставувањето на мините во водите на Персискиот залив, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Овие коментари Гилдај ги изнел на информативниот состанок на Пентагон свикан за објаснување на плановите на САД да се испратат дополнителни 900 војници, вклучувајќи и инженери на Блискиот исток, за да ја зајакнат одбраната на САД во случај на судир со Иран.

loading...