Стартуваше реализацијата на инвестицијата на “Лимак” вредна 250 милиони евра која предвидува изградба на подземна сообраќајница над Јужен булевар и мултифункционален комплекс “Лимак дајмонд” кој ќе биде распослан на површина од 325.000 квадратни метри позади Рамстор мол и Музејот на Град Скопје.

Премиерот Зоран Заев присуствуваше на официјалниот старт на работите и нагласи дека кога комплексот и подземната сообраќајница ќе бидат изградени, ќе го променат Скопје на подобро. Тој нагласи дека оваа турска инвестиција е корисна за нашата земја и е во насока на одличната трговска размена која Македонија ја има со Турција, а која на годишно ниво изнесува 456 милиони долари, со тенденција во иднина да достигне една милијарда долари.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов рече дека македонската метропола спремно ја пречекува Европа и комплексот “Лимак дајмонд”што сега го гледаме само како макета, ќе го подигне стандардот на живеење во Скопје. Тој очекува новиот подземен булевар да го растовари сообраќајот и да овозможи побрзо движење од Карпош до Центар и кон Кисела Вода.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











