Пратеничката Николова: Не може државата да ми каже дали ќе користам канабис!

1027

Здружението на млади европски федералисти „ЏЕФ” и Здружението за канабис и зелени политики „Билка” одржуваат панел дискусија на тема „Декриминализација на канабисот, сега”. На панелот се обрати пратеничката на ЛДП, Јулијана Николова, која рече оти е убедена дека Собранието ќе го декриминализира канабисот во рекреативни цели, пренесе Макфакс.

„Ризикувам да бидам криминалец, ако консумирам канабис во рекреативни цели”, рече Николова и додаде дека иако никогаш лично не пробала, сепак, тоа не би требало да влијае врз можноста останатите граѓани тоа да го направат.

„Не може државата да ми каже дали ќе користам канабис”, рече Николова. Како позитивни примери ги посочи Канада, Холандија, Чешка и Португалија. Пратеничката рече дека е неприфатливо луѓе да бидат третирани како криминалци, ако дома одгледуваат 2 или 3 стебла марихуана поради здравствени причини.