Матео на суд одбил да сведочи, со образложение дека му е потребно повеќе време да се подготви за одбрана.
Шпанскиот комичар, 29-годишниот Даниел Матео се појавил на суд во Мадрид поради наводна навреда на националниот симбол и изразување на омраза, бидејќи за време на еден скеч што го извел на телевизија, го бришел носот со шпанското знаме.
Тој би можел да биде казнет со затворска казна до 4 години затвор, пренесува “AP”.
Матео на суд одбил да сведочи, со образложение дека му е потребно повеќе време да се подготви за одбрана и додал дека е загрижен за имиџот на државата бидејќи е “кловн изведен пред судија само затоа што ја вршел својата работа”.
Како што се наведува, скечот отворил дебата за патриотизмот и ограничувањето на слободата на говорот во шеги, додека некои корисници на социјалните мрежи повикале на бојкот на каналот кој ја емитувал програмата.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















