Ова слепо дете е вистински феномен: Маестрално ги изведува најголемите хитови, луѓето се воодушевени од неговиот талент

105

Авет Реј Манес е 6 годишно слепо дете од Охајо чии изведби на песните на групата Queen навистина ќе ве воодушеват, а можеби и расплачат.

Авет е самоуко чудо од дете, чиј талент и умешност за свирење на калавир не биле онеспособени поради неговата болест, хипоплазија на оптичкиот живец. Да бидеме попрецизни, тој е сосема слеп на едното око, додека со другото може да гледа помалку, но тоа не го спречува да научи како да ги отсвири песните на Queen.

На рана возраст исто така искусил како изгледа кога свириш пред речиси 1.000 луѓе со што несомнено стана инспирација за сите.

“Кога ќе го видам Авет како пее и свири клавир, настапува пред голем број на луѓе, навистина заборавам дека сум негова мајка”, порача Сара Мур и додава:

“Се претворам во вистински обожавател. И на некој начин мора да се потсетам – да тоа е мое дете”.

Неговата мајка истакнала дека свирењето била природна појава од моментот кога можел со прстите да ги дофати копчињата на клавирот, а сам научил да ја свири “Twinkle, Twinkle Little Star” на само 11 месеци, после што продолжил да работи на себе со помош на учител за да ги научи останатите техники.

Малиот Авет има уште амбиции и нема да застане само на клавир, неговата желба е да научи да свири на повеќе инструменти.

loading...