Сончево и топло време со температури до 23 степени

70

Сончево и топло време не’ очекува денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени, а дневните до максимални 23 степени.

Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура од 20 степени.

Слично време метеоролозите најавуваат и за утре. Ќе биде сончево и топло, а ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната утринска температура ќе биде -1, а максималната дневна 24 степени.

Сончево и топло време ќе биде времето и за викендот.