Поранешниот сопруг на Моника Белучи стана татко по трет пат

0
141

Бившиот сопруг на Моника Белучи стана татко на трета ќерка. Неговата 30 години помлада сопруга му роди девојче и среќните родители веста ја споделија на социјалните мрежи.

Актерот Винсет Касел (52) и Тина Кунајки (22) станаа родители на малата Амазон. Само неколку дена порано, манекенката позираше бремена за списанието „Фото“.

Двојката се венча лани во агуст, на приватна церемонија во Париз. Заедно се од 2016 година. Живеат во Рио де Жанеиро, Бразил.

По 14 години брак, Касел се разведе од актерката Белучи во 2013 година. Имаат две ќерки-Дев (14) и Леони (8).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here