Поранешен советник на Трамп: Асад не го напаѓа својот народ! Секогаш кога Трамп сака да ги повлече трупите од Сирија, таму лажираат хемиски напад

746

Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Роџер Стоун, изјавил дека хемиските напади во Сирија се чиста измама.

“Асад не го нападна својот народ со хемиско оружје. Тоа е измама. Докажано е дека нападот бил измама”, рекол Стоун за “Новости”.

Тој изјавил дека таканаречената “длабока држава” ги поткопува одлуките на Трамп.

“Секогаш кога Трамп вели дека можеби ќе ги повлече трупите од Сирија, тие му подметнуваат лажен напад. За Асад можеме да кажеме било што, но не е идиот и јасно е дека сфаќа дека меѓународната заедница би се свртела против секој што би користел хемиско оружје”, рекол Стоун.

Тој потсетил дека Трамп на изборите се кандидирал како неинтервенционист и доследно се спротивставува на војните во Ирак, Авганистан и Сирија, но дека “длабоката држава” и конкретните интереси на военоиндустриските комплекси навистина се обидуваат со контрамерки да ги сменат неговите намери.

“Мислам дека неговите инстинкти се добри, но им дозволил на генералите да му кажуваат што мора да прави”, вели Стоун.

Тој оценил дека Русите се повеќе заинтересирани за Сирија поради близината на границата, исто како што Америка би била загрижена ако дојде до револуција во Мексико, додека Русите тоа не би ги интересирало.