Заложничка криза во Тбилиси, во тек е специјална операција на полицијата

57

Во престолнината на Грузија, Тбилиси, непозната личност како заложници држи девет лица, соопштило Министерството за внатрешни работи.

До инцидентот дошло во едно претпријатие, но засега нема повеќе податоци за тоа што точно се случило.

Полицијата го блокирала тој дел од градот. Во тек е специјална операција.

Како што наведуваат медиумите, повикувајќи се на неколку очевидци, имало пет напаѓачи. Вооружени се со бомби.

ТВ станицата “Рустави 2” јавува дека двајца заложници се ослободени.