Помош, ова е сексуален напад: Туристка нападната затоа што носи бикини

151

Портпаролот на парламентот на Малдиви ѝ се извини на британската туристка откако снимката од нејзиното апсење затоа што носи бикини предизвика лавина на реакции на социјалните мрежи.

Малдиви практично „живее“ од туризмот, а тропскиот архипелаг во Индискиот океан е популарна дестинација на милиони луѓе на годишно ниво. Оваа островска земја некогаш на туристите им овозможуваше престој само на одвоените помали острови каде што не живее локалното муслиманско население.

Но, во последните години на туристите им е дозволено да престојуваат и на населените острови. Девојките во резортите смеат да носат бикини, но на други места мора да бидат облечени во склад со локалните обичаи.

На видео снимката која се појави на интернет, може да се види како неколку мажи се обидуваат да ја уапсат туристката, додека таа истовремено извикува: „Ова е сексуален напад“. Од тамошната полиција соопштија дека девојката додека одела по улица облечена на островот Мафуши била непримерно облечена и наводно била во алкохолизирана состојба.

Портпаролот Мохамед Нашед ѝ се извини на туристката која поради носењето на бикините завршила во притвор.

Мохамед Хамед од полициската управа на Малдиви по инцидентот изјави дека полицијата лошо постапила во овој случај: „Ѝ се извинувам на туристката и јавноста поради овој случај. Јас работам на тоа полицијата да се професионализира. Во тек е истрага за овој случај“.